Од непристапните планини во Северна Македонија до Оскарите
Тие ја екранизираа приказната за една од последните одгледувачки на диви пчели во Европа... и завршија на црвениот килим, со две номинации за Оскар! Со „Медена земја’’, македонската режисерка Тамара Котевска не’ потсетува на потребата да се живее во хармонија со природата, како и на важната улога на авторите на документарни филмови – да патуваат по светот и да донесат приказни кои може да направат промена.