This isn't an official website of the European Union

Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика/потпретседател на Европската комисија во посета на Албанија и Северна Македонија за билатералните совети за стабилизација и асоцијација

14.03.2023

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика/потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, на 15-16 март ќе отпатува за Албанија, а на 16-17 март во Северна Македонија. Овие посети ќе бидат можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Северна Македонија, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје.

Почнувајќи со Албанија на 15-ти март, високиот претставник Борел ќе се состане со премиерот Еди Рама пред да претседава со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија кој ќе се одржи во Тирана на 16-ти март. Албанија ќе ја претставува премиерот Еди Рама. Европската комисија ќе ја претставува комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеи. По Советот, високиот претставник Борел, премиерот Рама и комесарот Вархеи ќе одржат заедничка прес-конференција околу 12:00 часот, која ќе се емитува во живо на EBS.

Во попладневните часови, високиот претставник Борел ќе учествува на инаугурацијата на Венецијанската кула во Драч, чија реставрација е финансирана од ЕУ, и ќе разговара со претставници на младите.

Високиот претставник Борел потоа ќе отпатува за Северна Македонија. На 16 март ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а потоа ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија кој ќе се одржи во петок на 17 март. Северна Македонија овој пат ќе претседава со Советот и неа ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Вархеи. По Советот, во 11:30 часот ќе следи заедничка прес-конференција, која ќе се емитува во живо на EBS.

За време на посетата, високиот претставник/ потпретседател на Европската комисија Борел, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Северна Македонија.

 Прес-конференциите во текот на посетите ќе се емитуваат на EBS, аудиовизуелни материјали за мисијата ќе бидат достапни исто така на EBS, а, обраќањата на прес конференциите ќе бидат објавени на веб-страницата на Европската служба за надворешно дејствување (EEAS).

 За дополнителни информации и новини следете ги и @ JosepBorrellF  и  @eu_eeas.

Peter Stano
Lead Spokesperson for Foreign Affairs and Security Policy
+32 (0)460 75 45 53
Zoi Muletier
Press Officer for Neighbourhood and Enlargement/Foreign Affairs and Security Policy
+32 (0)2 29-94306
+32 (0)460794306