This isn't an official website of the European Union

Што работи и што се надева да постигне 

ЕУ е претставувана во Република Северна Македонија преку Делегацијата на Европската Унија. 

Делегацијата е официјално отворена во март 2000 година. Таа е врската меѓу националните власти и институциите на ЕУ. По одлуката на Европскиот совет да ја признае земјата како кандидатка за членство во ЕУ, работата на Делегацијата се фокусира на мониторинг и известување за исполнувањето на политичките и економските критериуми за членство во ЕУ од страна на земјата, за усогласувањето на нејзиното законодавството со она на ЕУ, како и за капацитетите на институциите за негова примена и спроведување. 

Една од клучните задачи на Делегацијата е да ги информира властите, институциите, медиумите и граѓаните за претпристапниот процес, како и за институциите и политиките на ЕУ. Таа исто така одржува редовни контакти со академските институции, членови на бизнис-заедницата и со претставници на граѓанското општество. 

Европската Унија и’ обезбедува на Република Северна Македонија постојана поддршка и финансиска помош во процесот на спроведување на реформите неопходни за членство.  

Оддели

  • Шеф на Делегација
  • Европска интеграција, политички прашања, печат и информации
  • Соработка
  • Зајакнување на институции, економски развој, владеење на право, јавна администрација
  • Животна средина, транспорт, земјоделство и рурален развој, социјална политика и образование
  • Финансии, договори и ревизија
  • Администрација 

Контакт: [email protected]

Контакт за човекови права: [email protected]