за нас
Кои сме ние
На оваа страница
Што работи и што се надева да постигне
ЕУ е претставувана во Република Северна Македонија преку Делегацијата на Европската Унија.
Делегацијата е официјално отворена во март 2000 година. Таа е врската меѓу националните власти и институциите на ЕУ. По одлуката на Европскиот совет да ја признае земјата како кандидатка за членство во ЕУ, работата на Делегацијата се фокусира на мониторинг и известување за исполнувањето на политичките и економските критериуми за членство во ЕУ од страна на земјата, за усогласувањето на нејзиното законодавството со она на ЕУ, како и за капацитетите на институциите за негова примена и спроведување.
Една од клучните задачи на Делегацијата е да ги информира властите, институциите, медиумите и граѓаните за претпристапниот процес, како и за институциите и политиките на ЕУ. Таа исто така одржува редовни контакти со академските институции, членови на бизнис-заедницата и со претставници на граѓанското општество.
Европската Унија и’ обезбедува на Република Северна Македонија постојана поддршка и финансиска помош во процесот на спроведување на реформите неопходни за членство.
Оддели
- Шеф на Делегација
- Европска интеграција, политички прашања, печат и информации
- Соработка
- Зајакнување на институции, економски развој, владеење на право, јавна администрација
- Животна средина, транспорт, земјоделство и рурален развој, социјална политика и образование
- Финансии, договори и ревизија
- Администрација
Контакт: [email protected]
Контакт за човекови права: [email protected]