За Нас
За амбасадорот
Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија
Поздравна порака
Драги посетители,
Добредојдовте на нашата веб-страница!
Се надеваме дека таа ќе ви обезбеди корисни информации поврзани со Европската Унија и нејзините сеопфатни односи со вашата земја, како и со улогата на Европската Унија во светот.
Овде ќе најдете информации во врска со процесот на проширување по одлуката на Европската Унија од 19 јули 2022 година да отвори пристапни преговори со Северна Македонија. Во меѓувреме, европските институции и властите го завршија скрининг процесот, утврдувајќи ги состојбата и начинот на усогласување на законодавството. Преговорите ќе продолжат со отворање на кластерот „Темели“ веднаш штом Северна Македонија ќе ги исполни барањата договорени во Преговарачката рамка.
На веб-страницава ќе најдете и конкретни информации за помошта од ЕУ – и за тоа зошто ЕУ е најголем донатор и главен трговски партнер на земјата. Покрај долгорочниот Инструмент за претпристапна помош (ИПА), Планот за раст за Западен Балкан е одлична можност за Северна Македонија да ги забрза клучните реформи, подобрувајќи го животот на нејзините граѓани и напредувајќи на патот кон ЕУ. Ќе најдете информации и за конкретни проекти финансирани од ЕУ и за позитивните промени што тие ги носат за граѓаните.
Преку оваа веб-страница, ќе бидете во тек со нашите активности за комуникација со граѓаните и локалните заедници – преку директни средби со мене и моите колеги од Делегацијата, или преку нашата мрежа на Јуроп Хаус. Ве поканувам да ги следите овие активности и на нашите профили на социјалните мрежи: X, Facebook и Instagram. Слободно пишете ни – вашето мислење е добредојдено.
Михалис Рокас, Амбасадор
Делегација на Европската Унија во Северна Македонија