Четири организации за проверка на факти од Западен Балкан станаа дел од платформата на Фејсбук за борба против дезинформациите
Откако започна пандемијата на ковид-19, погрешните информации поврзани со здравјето, злоупотребата на потрошувачите, кибер криминалот и целните дезинформациски кампањи наметнаа потенцијални ризици за граѓаните, нивното здравје и за нивната доверба во здравствените власти. Како што рече високиот претставник/потпретседател Жозеп Борел, „пандемијата на корона вирусот е проследена со огромна инфодемија“.
Ова беше случај и со Западен Балкан. Проверувачите на факти од регионот имаа многу работа да разоткријат лажни вести и трендови на дезинформирање, како и да придонесат за медиумската писменост, особено кај помладите генерации.
Поради блискоста на јазиците во регионот, дезинформациите не остануваат во рамките на границите и бараат тесна соработка помеѓу проверувачите на факти во регионот. Таа соработка се засили за време на кризата со ковид-19. На пример, членките на Мрежата за проверка на факти на Југоисточна Европа SEE Check, составена од организации за проверка на факти од дел од земјите на Западен Балкан и од ЕУ, ја засилија соработката. Кога кризата го достигна врвот, тие разменуваа знаење и методи, потврдувајќи ја нивната клучна улога во градењето отпорност на дезинформации кај локалните заедници и на тој начин зајакнувајќи ја демократијата.
Регионалните организации ги постигнаа највисоките меѓународни стандарди за проверка на факти. Тие ги користеа постоечките регионални мрежи за проверка на факти, се поврзаа со партнери во ЕУ и го потврдија својот вреден придонес во борбата против инфодемијата. Очигледно признание е фактот што четири организации од регионот – Раскринкавање.ба, Раскринкавање.ме, Метаморфозис фондација и Вистиномер, и Истиномер - станаа дел од посебна програма за проверка на факти, дел од стратегијата на Фејсбук за борба против дезинформациите.
Програма на Фејсбук за проверка на факти
Работата на четирите организации од Западен Балкан продолжува во рамките на Програмата на Фејсбук за проверка на факти Facebook’s Fact-Checking Programme, која во моментов вклучува 70 независни организации за проверка на факти кои, ширум светот и на над 50 јазици, се борат против ширењето лажни вести на Фејсбук и Инстаграм. Сите партнери се сертифицирани преку независната Меѓународна мрежа за проверка на факти.
Кога проверувачите на факти ќе оценат некој напис како лажен, Фејбук го покажува подолу во „Новостите“, намалувајќи ги во просек идните прегледи за над 80%. Практично, ФБ ги поместува подолу линковите оценети како лажни и обезбедува повеќе контекст на социјалните мрежи. Кога проверувачите на факти ќе оценат некоја содржина како лажна, ФБ ја намалува нејзината дистрибуција во „Новостите“ и им посочува на корисниците кои сакаат да ја споделат дополнителни информации и контекст на темата. ФБ воедно ги информира лицата кои претходно ја споделиле таквата содржина и им го покажува написот на проверувачите на факти во „Поврзани написи“, веднаш под лажната приказна во „Новостите“. ФБ вели дека презема активности против оние кои го повторуваат ширењето лажни вести со тоа што ја намалува вкупната дистрибуција на тие ФБ-страници или вебстраници и ги спречува да заработуваат пари или да се рекламират на ФБ.
Организациите за проверка на факти од Западен Балкан кои се прифатени од посебната програма на ФБ ќе работат со соработка со агенцијата Франс Прес (АФП).
Повеќе информаци за организациите за проверка на факти од Западен Балкан кои се партнери на ФБ
Raskrinkavanje.ba – Bosnia and Herzegovina
Raskrinkavanje.me (Centre for Democratic Transition) – Montenegro
Metamorphosis Foundation and Truthmeter – North Macedonia
Istinomer (Centre for research transparency and accountability) – Serbia