This isn't an official website of the European Union

Жозеп Борел: Проширувањето на ЕУ бара партнерите од Западен Балкан да ја зајакнат демократијата и ЕУ да си ги исполни ветувањата

19.10.2021

Европската комисија го усвои Пакетот за проширување за 2021 година, кој детално ги оценува состојбата и напредокот во Западен Балкан и Турција на нивниот пат кон Европската Унија.

© Commission Directorate-General for Neighbourhood and Enlargement Negotiations

 

Извештајот за проширување за 2021 година се фокусира на спроведувањето на фундаменталните реформи и јасно ги посочува идните реформски приоритети.

Високиот претставник на ЕУ и потпретседател Жозеп Борел изјави: „Мора да одржиме кредибилен процес на проширување. Станува збор за двонасочна улица: новата методологија е пристап заснован на заслуги. Таа силно ги нагласува фундаменталните реформи, како што се владеењето на правото, фундаменталните слободи, економијата и функционирањето на демократските институции“.

„Како ЕУ, мора да ги исполниме нашите ветувања. ЕУ не е целосна без Западен Балкан. Време е да се обединиме во градењето посилна Европа“, заклучи тој.

 

https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1450487310730948609

 

Извештај за проширување 2021 за Западен Балкан

Колеџот на комесари го усвои Извештајот за проширување на 19 октомври 2021 година.

На усвојувањето му претходеа посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на регионот и Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа на 6 октомври 2021 година во Брдо, Словенија, и потврди дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ.

ЕУ има јасна и стратешка определба во однос на регионот. Потврда за тоа се постојаната поддршка во контекст на ковид-19 и историскиот Економско-инвестициски план и Зелената агенда за Западен Балкан, чија цел е поодржлив, зелен, дигитален и иновативен раст кој се фокусира на луѓето, за доброто на регионот и цела Европа.

Комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи то претстави извештајот пред Комитетот на надворешни работи на Европскиот Парламент (АФЕТ).

 

https://twitter.com/OliverVarhelyi/status/1450473654802952196

 

Извештајот беше усвоен во согласност со новата, ревидирана методологија за проширување. Новата методологија го зацврстува пристапот заснован на заслуги, ставајќи го фокусот уште повеќе на фундаменталните реформи кои ја зајакнуваат кредибилноста на процесот.

 

https://twitter.com/eu_near/status/1450381199562661889

 

По усвојувањето на пакетот, Советот треба да ги разгледа препораките од Комисијата и да одлучи за следните чекори.

 

За повеќе информации

2021 Enlargement package: European Commission assesses and sets out reform priorities for the Western Balkans and Turkey