Европејки кои прават промени и не’ инспирираат
Иако нашите политики често звучат сложено, во суштина не се сложени. Приклучувањето кон ЕУ значи „градење ЕУ дома“: во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Северна Македонија. Успехот на нашите партнери во Западен Балкан во „градењето ЕУ дома“ не зависи само од работата на владите и институциите на ЕУ. Тоа е суштинско, но вистинскиот успех зависи од ангажираноста на луѓето во овие општества, од дејствата на граѓаните кои го обликуваат општеството во кои тие и нивните деца може да имаат благосостојба.
Во тој контекст, многу сум горд на нашата неодамнешна кампања посветена на луѓето од Западен Балкан, насловена како „Европејки кои прават промени“ https://eeas.europa.eu/headquarters/headquarters-homepage/74135/europeans-making-difference_en%C2%A0
Кампањата го прави токму тоа: им дава платформа на луѓето – во случајов на жените од Западен Балкан – кои поместуваат граници, инспирираат и поттикнуваат други да го следат нивниот пример.
Во нашата работа секојдневно се среќаваме со „Европејки кои прават промени“. Со оваа кампања сакаме да ги нагласиме нивните приказни не само затоа што се работи за добри, искрени човечки приказни, туку и поради тоа што нивните приказни не се доволно познати во земјите-членки на ЕУ а и не се доволно видливи во самиот Западен Балкан.
Ако славата е важна во време на социјални медиуми, ако славата е моќ – а експертите велат дека е – тогаш ние сакаме научниците да бидат познати и влијателни. Сакаме да бидат славни луѓето кои се борат за еднакви општества, како и оние кои го поддржуваат претприемништвото и ја помагаат благосостојбата на луѓето. Сакаме шампиони кои чувствуваат обврска да се оддолжат за славата, како и исклучителни уметници кои го застапуваат она што е исправно – сите градејќи општества во кои нема да има ограничувања за никого. Кога сме веќе кај ограничувањата, тие не постојат за решителни млади жени како Мрика од Косово, која одлучила да ги искачи „седумте врвови“, највисоките точки на секој континент, пред да наполни 18 години, и тоа го сторила!
Многупати сум рекол и ќе повторам сега: ЕУ не е целосна без Западен Балкан. За да биде ЕУ целосна и за да ја направиме посилна и попросперитетна, ни требаат луѓе како протагонистите во оваа кампања – Селма Продановиќ од Босна и Херцеговина, Наташа Ковачевиќ од Србија, Тамара Тодевска од Северна Македонија, Детина и Аргита Зали од Албанија, Мрика Никчи од Косово, Маја Раичевиќ од Црна Гора.
Свесни сме за предизвиците во Западен Балкан и за трансформациите што треба да е случат за да се „изгради ЕУ дома“. Луѓето вклучени во оваа кампања се неопходни за овие трансформации, како и за да инспирираат други да се приклучат. Нивното знаење и придонес се неопходни за „градењето ЕУ“ во Западен Балкан.
Нивните приказни ме потсетуваат на причините зошто патот на пристапување на Западен Балкан кон ЕУ е толку важен за сите нас во Европа. Процесот е поврзан со луѓето и е за луѓето.
И овој процес мора да успее – за доброто на сите луѓе во Европа.
MORE FROM THE BLOG
“A Window on the World” – by HR/VP Josep Borrell
Blog by Josep Borrell on his activities and European foreign policy. You can also find here interviews, op-eds, selected speeches and videos.