Акциски план на ЕУ за родова еднаквост 3: План за спроведување во Република Северна Македонија
Родовата еднаквост е суштинска вредност на Европската Унија и клучна за добро владеење, социјален и економски развој, мир и безбедност. Акцискиот план на ЕУ за родова еднаквост (ГАП) 3 2021-2025, усвоен во ноември 2020 година, ги отсликува главните цели на Стратегијата на ЕУ за родова еднаквост и ги вклучува родовата еднаквост и оснажнувањето на жените во сите надворешни политики и акции.
Планот за спроведување на ГАП 3 во Северна Македонија, подготвен од Делегацијата на ЕУ во соработка со амбасадите на земјите-членки на ЕУ, налага политички и програмски обврски во однос на родовата еднаквост. Тој нуди заеднички пристап за сите чинители на ниво на земјата со цел ефективно спроведување на националните и меѓународните правни рамки за родова еднаквост и права на жените, вклучување на родовата еднаквост во процесот на ЕУ интеграција и во Инструментот за претпристапна помош (ИПА), како и зајакнување на институционалните механизми во согласност со стандардите на ЕУ.