This isn't an official website of the European Union

Повик до организациите на граѓанското општество за доставување предлози во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ

29.09.2022

Во име на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, со задоволство ве информираме дека Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ  е започнат, како повик за директна поддршка за иницијативите на граѓанското општество.

Главната цел на овој повик за предлози е да се поддржат акциите што ќе придонесат  кон подобрување на средината и капацитети на граѓанското општество за ефикасно решавање на клучните реформски приоритети во нивните заедници коишто се потребни за понатамошна демократизација на општеството.

https://eu4cr.mk/news/eu-civil-resilience-mechanism-for-civil-society-organisations-launched/

Рокот за аплицирање е 15 ноември 2022 година во 17:00 часот (по локално време).

Аплицирајте https://eu4cr.mk/request-form/