Во име на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, со задоволство ве информираме дека Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ е започнат, како повик за директна поддршка за иницијативите на граѓанското општество.
Главната цел на овој повик за предлози е да се поддржат акциите што ќе придонесат кон подобрување на средината и капацитети на граѓанското општество за ефикасно решавање на клучните реформски приоритети во нивните заедници коишто се потребни за понатамошна демократизација на општеството.
https://eu4cr.mk/news/eu-civil-resilience-mechanism-for-civil-society-organisations-launched/
Рокот за аплицирање е 15 ноември 2022 година во 17:00 часот (по локално време).
Аплицирајте https://eu4cr.mk/request-form/