Глобален портал е европска стратегија за зајакнување на паметните, чисти и безбедни врски во секторите дигитализација, енергетика и транспорт, како и за засилување на здравствените, образовните и истражувачките системи ширум светот. Преку пристапот „Тим Европа“, Глобалниот портал ги здружува ЕУ, нејзините земји-членки и нивните финансиски и развојни институции во поттикнувањето на приватниот сектор да ги зголеми инвестициите кои промовираат одржлив развој.
Во периодот 2021-2027, Тимот Европа издвојува 300 милијарди евра за инвестиции во одржливи, трансформативни и висококвалитетни проекти кои ги земаат предвид потребите на земјите-партнери и осигуруваат трајни придобивки за локалните заедници. Ова на партнерите на ЕУ им овозможува да создадат отпорни и одржливи општества и економии, а за приватниот сектор на земјите-членки на ЕУ отвора можности да вложува и да остане конкурентен, осигурувајќи највисоки еколошки и работни стандарди, како и здраво финансиски управување.
Повеќе за Глобалниот портал